News

Донација на четири инфузиони пумпи на Универзитетската клиника за детски болести.

Донација на четири инфузиони пумпи на Универзитетската клиника за детски болести.
26/06/2023

Амбасадата донираше четири инфузиони пумпи за потребите на младите пациенти на Универзитетската клиника за детски болести.

Свеченоста за донација на медицинска опрема се одржа во просториите на Универзитетската клиника Скопје во присуство на амбасадорот Џусти, медицинскиот директор проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ и организациониот директор Аркин Јахији. На средбата беше договорено оваа и следната година Амбасадата на Редот да продолжи да ја поддржува Клиниката со поголеми проекти.

Амбасадата исто така донираше и апарат за прочистување на воздухот и уништување на вируси и бактерии на Универзитетскиот Стоматолошкиот Клинички Центар „Свети Пантелејмон“ Скопје, на Одделот за орална хирургија. Оваа донација ја иницираше сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, која се погрижи оваа иницијатива да се финализира во активна соработка со Амбасадата на Суверениот Воен Ред на Малта во Република Северна Македонија.

Церемонијата на донирање на апаратот се одржа во просториите на Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар, во присуство на Н.Е. Амбасадорот Џусти, д-р Елизабета Ѓоргиевска и директорот д-р спец. Аријан Даци.