Хуманитарна дипломатија

Хуманитарна дипломатија

Поврзување на дипломатијата со хуманитарната помош – со цел да се допре до луѓето на кои им е потребна

Дипломатските односи што ги ужива Суверениот Ред на Малта со 113 земји и Европската унија, неговиот постојан статус на набљудувач во Обединетите нации и меѓународните договори за соработка склучени со над 50 држави, постојат за да се олеснат неговите хуманитарни активности и да се овозможи неограничен и заштитен пристап особено во кризните региони.

Дипломатската мрежа на Редот ги зајакнува своите односи со владите на земјите во кои работи. Оваа мрежа овозможува нејзините медицински програми да се интегрираат во националните и регионалните здравствени системи и да го олеснат увозот на опрема за здравствена заштита, се со цел да стигнат до луѓето кои имаат потреба што е можно побрзо.

Пример за тоа е Мјанмар, каде што на светската агенција за помош на Редот на Малта, Malteser International, ѝ беше дозволено да работи од 2001 година, кога сè уште беше исклучително тешко за странските хуманитарни организации да работат во земјата. Malteser International беше една од ретките меѓународни организации кои можеа да започнат итна операција за помош откако циклонот Наргис ја погоди земјата во 2008 година, канализирајќи меѓународна помош во погодените региони.

Поради статусот на неутрална, неполитичка и независна институција и нејзината хуманитарна улога и тековните активности во 120 земји, Суверениот Ред на Малта може да интервенира како медиатор во конфликтите.