Односи со Северна Македонија

СТАТУС НА ДИПЛОМАТСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ СУВЕРЕНИОТ ВОЕН РЕД НА МАЛТА И РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

Билатералните односи беа воспоставени во 1996 година.

Подолу е резимето на поважните активности спроведени од страна на Амбасадата низ годините.

Во периодот 1999-2000 година, Амбасадата на Суверениот Ред на Малта во Северна Македонија беше особено вклучена во поддршката на бегалците од Косово кои бараа засолниште во Северна Македонија.

На 23 мај 2000 година, Големиот Мајстор на Редот на Малта, Фра Ендру Берти, го прими претседателот на Република Македонија, Н.Е. Борис Трајковски, во државна посета на Магистралната Палата во Рим. На дневен ред беа хуманитарните акции на Редот за време на кризата на Балканот и тие кои беа во тек во тоа време за помош на луѓето и за обнова и економско закрепнување. За време на посетата, Големиот Мајстор му го додели на Претседателот одликувањето Орден за заслуги, резервирано за шефови на држави.

Во периодот 2001-2002 година, Амбасадата на Редот на Малта обезбедуваше хуманитарна поддршка за време на конфликтот и превирањата во Северна Македонија.

Амбасадата беше водечки актер во проектот за поддршка на „Специјалната установа Демир Капија“ се до нејзиното затворање; таквата поддршка се состоеше во обезбедување на опрема, финансиска помош и обука на персоналот во специјализираните болници во Европската Унија.

Амбасадата обезбедување финансиска помош за потребите на Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско.

Амбасадата континуирано обезбедуваше хуманитарна поддршка на сместувачките семејства во СОС Детското Село Скопје.

Други активности:

  • Долгогодишна поддршка на активностите на Сестрите Мајка Тереза во Скопје.
  • Континуирана соработка и финансиска поддршка на Католичката црква во Северна Македонија.
  • Организација и финансирање на Јавна национална кујна во Скопје во составот на амбасадата.
  • Организација на божиќни прослави за сиромашните деца и деца помогнати од различни институции.
  • Во 2021 година, Амбасадата донираше одредена медицинска опрема и апарати за Дневниот центар за лица со церебрална парализа во Капиштец и за пациенти во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести – Скопје.
  • Во 2023 година, Амбасадата донираше одредена медицинска опрема на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.