News

Донација на медицински помагала за потребите на Општата Болница со проширени активности во Гевгелија

Донација на медицински помагала за потребите на Општата Болница со проширени активности во Гевгелија
17/11/2023

Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Малта во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција Франческо Саверио Џусти, на 17.11.2023 година донираше апарат за ЕКГ, аспиратор за вшмукување, апарат за крвен притисок, куфери за ампуларна терапија, комплет шанцови кравати за имобилизирање, имобилизатори за глава, систем за фиксација, кревет за преглед, телескопски паравен, дрќачи за инфузија за потребите на Итната медицинска помош, која е дел од Општата болница во Гевгелија.

Свеченоста за донација на медицинските помагала и опрема се одржа во просториите на Општата Болница во Гевгелија во присуство на амбасадорот Џусти, директорот на болницата, д-р Александар Киров, како и останатиот персонал на болницата.

На средбата беше договорено Амбасадата да продолжи да ја поддржува болницата и во текот на следната година.