Болничка Мисија

Најстарата медицинска мисија во светот

Редот на Малта е постојано присутен со медицински, социјални и хуманитарни проекти во повеќето земји во светот.

Неговите 13.500 членови, 95.000 постојани волонтери и квалификуван персонал од 52.000 професионалци – од кои повеќето се медицински персонал и болничари – формираат ефикасна мрежа која вклучува сè, од итна помош за бегалците и раселените кои живеат во војна и во конфликт, до интервенција во области погодени од природни катастрофи, работа во болница, медицинска нега и социјални услуги.

Програмите на Редот, водени независно или во рамките на партнерства со владите и меѓународните агенции, сега се активни во 120 земји.
Помошта за жртвите од природни катастрофи и вооружени конфликти се интензивираше во последните децении. Преку своите национални здруженија, волонтерски корпуси и светската агенција за помош, “Malteser International”, Редот на Малта обезбедува итна медицинска и хуманитарна помош и работи со погодените популации на терен за спроведување на програми за реконструкција и подготвеност при катастрофи.

Волонтери

Разновидноста на проектите на Редот на Малта гарантира дека има можности за сите

Редот на Малта брои 95.000 посветени волонтери за успешно водење на многу од неговите проекти низ светот.

Од година во година тие се грижат за бездомниците во засолништата на Редот, им помагаат на бегалците кои пристигнуваат на европските брегови, им даваат поддршка на жртвите од природни катастрофи, ги придружуваат гостите со посебни потреби на аџилак и на летните кампови, им помагаат на старите лица кои неможат да излезат од нивните домови, во многу студените зими им подготвуваат храна и оброци на луѓето кои живеат во сиромаштија.

Редот на Малта управува со корпусот за прва помош и за брза помош во 33 земји, кои во голема мера се потпираат на посветеноста на волонтерите.
Од своето основање во 1938 година, ирскиот амбулантен корпус стана главен снабдувач на обуки за прва помош, на амбулантен транспорт и на услуги за грижа за заедницата во главните градови и населби во Ирска, а преку својот дел за млади обезбедува развојни програми и спортски активности.