News

Детска Божиќна забава

Детска Божиќна забава
30/11/2023

Амбасадата на Суверениот воен Pед на Малта во Република Северна Македонија секоја година во декември организира Божиќна забава посветена на најмладите и децата во социјален ризик од Скопје.

По тој повод, во приемната сала на хотелот се одржува детска театарска претстава, се подготвуваат играчки и подароци за младите гости според нивната возраст и пол, а истите им ги подарува Дедо Мраз.

На крајот од забавата се нуди шведска маса за децата и нивните семејства.