News

Донација на апарат за прочистување и дезинфекција на воздухот на Клиниката за детска и превентивна стоматологија во Скопје.

Донација на апарат за прочистување и дезинфекција на воздухот на Клиниката за детска и превентивна стоматологија во Скопје.
20/10/2021

На 20 октомври 2021 година, Амбасадата на Суверениот Воен Ред на Малта во Република Северна Македонија донираше уред за прочистување и дезинфекција на воздухот на Клиниката за детска и превентивна стоматологија при Јавната Здравствена Установа Универзитетски Стоматолошки Клинички Центар Свети Пантелејмон во Скопје.

Свеченоста за донирање на апаратот се одржа во просториите на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар, во присуство на г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска и директорот д-р спец. Аријан Даци.

Оваа донација, која е за пофалба, се должи на иницијативата на сопругата на претседателот, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, која се погрижи оваа иницијатива да се финализира во активна соработка со Амбасадата на Редот во Северна Македонија.